Новата германска Влада, минатата недела, нареди зголемени гранични проверки со сите соседни земји, вклучително и Австрија.
Добриндт, исто така, дозволи барателите на азил да бидат одбиени на границата, со исклучок на ранливите групи, како што се бремени жени и деца.
Австрија ги поздрави заострените контроли, забележувајќи намалување на бројките на нелегална миграција низ цела Европа, вклучително и во Австрија и Германија, што Карнер го припиша на зајакнатите гранични контроли.
Добринт нагласи дека овие напори се во согласност со заедничката европска цел за работа на миграциската политика и понатамошно намалување на нелегалните миграциски текови. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата