Маж пронајден мртов, телото дадено на обдукција

Маж пронајден мртов. Во скопската населба Бутел, бил пронајден починат 77-годишен маж со иницијали Л.М.

Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Смртта била пријавена во 12:03 часот во СВР Скопје, откако телото било откриено во неговиот дом.

Итната медицинска помош која пристигнала на лице место ја констатирала смртта, а притоа не се забележани надворешни траги на насилство, информираат надлежните институции.

По насока на јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.

Засега, не се изнесуваат дополнителни детали околу случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде