Како изгледа менито во Le Jules Verne, ресторанот во Ајфеловата кула

22 јануари 2024

Париз е преполн со атракции и знаменитости, како музејот Лувр, Триумфалната капија, авенијата Champs-Élysées и најпознатата градба Ајфеловата кула.

Токму во таа кула се наоѓа ексклузивниот ресторан Le Jules Vern, наречен по познатиот француски писател Жил Верн. Сместен е на вториот кат од зданието од каде што може да се види целиот град.

Прв пат е отворен во 1983 година, а денес важи за место со врвно мени, благодарение на главниот готвач Фредерик Антон кој е за својата работа е добитник на три Мишелин ѕвезди.

Ресторанот извесен период беше затворен, но по неговото повторно враќање во игра е еден од најпосетуваните во Париз. Le Jules Vern е прекрасен спој на естетика, одлична храна и уште подобра локација.

Готвачите таму храната ја споредуваат со апстрактна уметност, а кога ќе видите како изгледа ќе морате да се согласите.

Менијата се состојат од пет до седум јадења, а особен акцент се става на ручекот.

Секоја чинија е вистинско ремек дело како на изглед така и на вкус, а при подготовка на јадења се користат врвни состојки од поднебјето.

Објавено:
22 јануари 2024
Категорија: 
Култура