Турција

Во Истанбул започна Самитот за глобална исламска економија

На настанот ќе учествуваат високи официјални претставници, експерти и претставници на приватниот сектор, со цел продлабочување на разбирањето за исламските економски принципи и нивна поефикасна примена

Gökhan Ergöçün  | 30.05.2025 - Обновена : 01.06.2025
Во Истанбул започна Самитот за глобална исламска економија

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Истанбул денес започна второто издание на Самитот за глобална исламска економија, организиран од АлБарака, со цел зајакнување на исламските финансиски и нефинансиски институции во насока на постигнување одржлив економски раст и глобално влијание преку нови стратегии, јавува Анадолу.

Самитот, кој ќе трае два дена, се одржува во соработка со Инвестициската канцеларија на Турција, Истанбулскиот финансиски центар (IFC), банката Албарака Турк, Универзитетот Ибн Халдун во Истанбул и Форумот за млади на Организацијата за исламска соработка (ICYF).

На настанот ќе учествуваат високи официјални претставници, експерти и претставници на приватниот сектор, со цел продлабочување на разбирањето за исламските економски принципи и нивна поефикасна примена.

Меѓу главните теми се зголемување на оперативната ефикасност, поттикнување на иновациите, зајакнување на управувањето со ризици, унапредување на финансиското учество и поддршка на соработката меѓу учесниците во индустријата.

На свеченото отворање генералниот секретар на Форумот АлБарака за исламска економија, Јусеф Хасан Калави, изјави:

„Не бараме само нови патишта по кои ќе одиме – ние создаваме нови патишта. Тоа го правиме во Истанбул, Медина, Лондон, Куала Лумпур, Карачи, Каиро и на многу други места.“

Тој истакна дека е потребно да се создадат сè повеќе иницијативи што ќе го зајакнат исламскиот економски екосистем.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.