Почнувајќи од 2023 година, Србија ќе се претставува на париската недела на модата.
Оваа вест перистигнува откако Француската модна федерација (Fédération de la Haute Couture et de la Mode - FHCM) избра две нови земји кои во иднина ќе бидат претставени на престижната модна недела во Париз (Paris Fashion Week - PFW), и тоа Португалија и Србија.
Фото: elle.rs
Првото претставување на Србија ќе се случи во периодот од 27 февруари до 7 март 2023 година, во издание на Париската модна недела за жени. Земајќи предвид дека медиумската моќ на париската модна недела е огромна, честа да се биде составен дел од FHCM е од историско значење за Србија и српската мода.
„Добрите познавачи на модата знаат дека FHCM е херметички затворен систем. По десет години напорна и континуирана работа на подигнување на квалитетот на Модната недела во Србија и брендирање на нашата земја во светот на модата на глобално ниво, како и постојана работа со експерти од нашиот бизнис во Франција, оваа година дојде долгоочекуваниот резултат. Ја постигнавме нашата одамна поставена цел, а тоа е да станеме дел од официјалната програма на FHCM.", вели во интервју за медиумите Светлана Хорват, претседател на Модната недела во Србија.
Фото: elle.rs
FHCM е основана во 1868 година како од Министерството за индустрија на Франција. Тоа е најстарото здружение од ваков вид во светот, со огромна традиција и строги правила. Познато е дека е единствената модна недела во светот која не дозволува платформи во своите календари (за разлика од сите други модни недели), и дека е речиси целосно затворена за странски брендови.
Самиот факт што оваа најстара и најпрестижна модна асоцијација во светот го избра SFW да биде под нејзино покровителство ќе ѝ донесе огромна промоција на Србија како земја. Српската модна недела ќе продолжи да се одржува во Нови Сад, секоја година наесен, со издание во Париз секоја пролет.
Фото: elle.rs