Во Битола се одбележува денот на државноста на Република Хрватска
- Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“-Битола со целовечерен концерт на далматински музика ќе го одбележи денот на државноста на Република Хрватска. Во пресрет на вечерашната свеченост, портпаролот на ХКЦ „Марко Марулиќ“-Битола, Неда Маретиќ најави дека во битолскиот Офицерски дом ќе настапат далматинската женска клапа „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац.

Битола, 6 јуни 2025 (МИА) - Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“-Битола со целовечерен концерт на далматински музика ќе го одбележи денот на државноста на Република Хрватска.
Во пресрет на вечерашната свеченост, портпаролот на ХКЦ „Марко Марулиќ“-Битола, Неда Маретиќ најави дека во битолскиот Офицерски дом ќе настапат далматинската женска клапа „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац.
-Присутната публика вечер освен концертот на гостите од Дрвеник и Градац, ќе може да погледне и изложба на фотографии „Хоризонти“ од авторката д-р Блага Петрески од Сплит, како и настап на ученици од Државното музичко училиште во Битола како специјални гости на свеченоста која традиционално ја организираме за Денот на државноста на Република Хрватска, посочи Маретиќ.
Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола е препознатлив по иницијативите за збратимувања со општини и уметнички друштва од двете држави, гостувања и други активност за поголема соработка на двете пријателски земји.
Концертот со далматинска музика е поддржан од Културно-информативен центар Битола, Општина Битола, Државното музичко училиште-Битола, Сплитско Далматинскиот округ и Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Република Хрватска. мт/сст/
Фото: ХКЦ „Марко Марулиќ“-Битола