Незири во 24 анализа: Одложеното гласање на Извештајот за Македонија е победа за нас, го вративме проблемот на европска агенда
Политичкиот аналитичар Џелал Незири во 24 анализа рече дека одлагањето на гласањето на предлог - извештајот во Европскиот парламент е победа за Македонската дипломатија затоа што на таков начин проблемот со Бугарија е вратен на европска агенда. Според него, времето работи за Бугарија а не за Македонија.
„Јас мислам дека ако се оценуваат во еден таков жаргон мислам дека е победа за дипломатијата на Македонија од причина што успеа проблемот со Бугарија да го врати на европска агенда и да избоксува изјави од високи претставници на ЕУ со кои се наложуваат нови преговори со Бугарија. Досега немало дебата кај нив од причина што на Бугарија и одговараше една ваква ситуација каде топката е на македонска страна. Македонија е надвор од процесот и цел процес се блокира во интерес на Бугарија. Блокирањето на процесот е во интерес на Бугарија бидејќи не спомнуваат колку пасоши имаат земено нашите граѓани кај нив. Времето не работи за Македонија, работи за Бугарија и затоа мислам дека е победа. Вајц е голем пријател на државата и еден вид лобист на европскиот парламент. Австриец е но живее на граница со Словенија и ги познава добро состојбите тука“, рече Незири.