Ватикан ги крие сознанијата за вонземјаните, сега се соочува со барање што ќе ја промени историјата на светот! Новиот папа е во голема неволја!

Ватикан е под притисок да објави стотици наводно доверливи документи за неидентификувани летачки објекти (НЛО), откако познатиот истражувач и режисер Марк Кристофер Ли ја обвини Светата столица за соработка со американската влада во прикривањето информации за вонземски феномени.

Америка се повлекува од преговорите со Русија и Украина! Стејт департментот објави: „Нема да летаме околу светот“

Ли, кој со години ја истражува врската помеѓу религијата и вонземските феномени, го повика новиот папа да го прекине молчењето по смртта на папата Франциск и да ја открие содржината на тајните ватикански архиви. Според неговите тврдења, архивата би можела да содржи докази за НЛО кои датираат од пред векови.

„Ако Црквата е навистина посветена на духовната вистина и просветлувањето на човештвото, тогаш повеќе не смее да крие информации што би можеле фундаментално да го променат нашето разбирање за нашето место во универзумот“, изјави Ли за британскиот таблоид „Мирор“.

Јавноста заслужува да знае.

Тој исто така верува дека некои описи во религиозни текстови може да се однесуваат на погрешно протолкувани средби со НЛО: „Она што луѓето го гледаат на небото може да бидат вистински вонземски НЛО, но исто така многу веројатно тајна воена технологија, децении понапредна од она што мислиме дека постои. Јавноста заслужува да знае. Не треба да бидеме заштитени од овие информации.“

Обвинувањата за вмешаност на Ватикан во прикривањето на НЛО повторно се појавија две години откако поранешниот офицер на американските воздухопловни сили и член на Националната агенција за геопросторно разузнавање, Дејвид Чарлс Граш, тврдеше дека американската влада со децении го прикривала постоењето на вонземски летала.

За време на сведочењето во 2023 година пред Конгресот на САД, Груш, кога беше прашан дали верува дека владата поседува НЛО (официјално наречени беспилотни летала – неидентификувани воздушни феномени), одговори: „Апсолутно, врз основа на интервјуа со над 40 сведоци во текот на четири години… Ги знам точните локации“.

Брутална одмазда

Груш, исто така, предупреди на силно институционално прикривање и изјави дека поединците кои се обиделе да проговорат за овие проблеми се соочиле со „брутална одмазда“. „Дознавам за планирани одмазднички активности против мене и другите колеги“, изјави тој пред поткомисијата на Претставничкиот дом на САД.

Кога пратеникот Тим ​​Бурчет го праша дали лично слушнал дека некој е убиен за да се прикријат информациите, Груш одговори: „Морам да бидам внимателен кога одговарам на тоа прашање. Ги упатив луѓето со тоа знаење до надлежните органи“.

И покрај овие тврдења, Министерството за одбрана на САД стои зад својот став. Портпаролката на Пентагон, Сју Гоф, изјави: „Истражителите не открија никакви проверливи информации што би потврдиле постоење на каква било програма поврзана со поседување или обратно инженерство на вонземски материјали, ниту во минатото ниту во сегашноста“.

Ли сега апелира за транспарентност и го повикува Ватикан да објави информации за кои верува дека би можеле да имаат длабоки последици за науката, религијата и општеството како целина.

Пронајдете не на следниве мрежи: