Се враќа на фудбалот на 74 години, Сколари се враќа од пензија

Легендарниот бразилски тренер Луис Фелипе Сколари, повторно се враќа на својот занает и повторно ќе биде тренер.

Минатата година кога со Атлетико Параненсе играше финале во Копа Либертадорес, најави пензионирање, сепак не помина долго откако се предомисли и реши повторно да се врати на работа.

Сколари потпиша едногодишен договор со Атлетико Минеиро и во наредната сезона ќе го води овој бразилски клуб.

Тој низ тренерската кариера, има тренирано повеќе екипи, но најзвручни му беа клубовите Гремио, Крузеиро, Гоиас, Челси, Палмеирас, Коритиба, а беше и неколкупати селектор, прво на Кувајт, потоа на Бразил.