Пренџов во 24 анализа: Новата власт учи од грешките на сите претходни влади вклучително и на претходната на ВМРО-ДПМНЕ

Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ во 24 анализа рече дека кредитот од Велика Британија е мега проект кој е поволен за Македонија. Според него, каматната стапка на Британија е најниска бидејќи има добар кредитен рејтинг. 

„Македонија прави мега проекти не својствени за нас. Кредитниот рејтинг на Македонија каков што е денес е дека може да се задолжи 350 милиони евра, она што е добро за нас е тоа што Обединетото Кралство е наш гарантор во врска со онаа потрага по пари. Британија има најдобар кредитен рејтинг во светот и тие нас ни се жирант, политичка поддршка.  Потпишаа договор дека се гарант за нас, стојат зад нас, тоа е добро политички. Ние бараме сериозна поддршка, долго време бараме некој да застане зад нас. Во Македонија ние денес имаме железница од Табановце до Гевгелија во еден правец и што се случува сега. Таа траса е со векови и точно се знаат добрите и лошите страни“, рече Пренџов.

Објасни и дека новата власт научила многу лекции од грешките на сите претходни влади.

„Каматната стапка на Британија е најниска бидејќи има најдобар кредитен рејтинг. Кога имате побарување на средства од Европа од независни фондови тогаш добивате најниска стапка дека зад вас стои Британија. Важно е да се нагалси дека владата ги научи лошите лекции од претходните влади. Научивме лекција и од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, дека не може да се плаќа предвреме. Затоа сега кога ќе заврши проектот ќе почнеме да плаќаме. Тоа е добро, бидјеќи се однесувате добро со парите и тој што проектира има интерес да го завшри побрзо за да ги добие парите. Фирмите ќе бидат македонски“, додаде Пренџов.