Победи за Пролет и Струга во последното коло од плеј-аутот

Пролет ја потврди фаворитската улога и славеше над Радовиш со 30-28 во последниот натпревар од плеј-аутот во елитното македонско ракометно првенство. Домаќините триумфот го најавија уште од самиот страт на средбата, а рано стакнатата предност не ја испуштија до самиот крај на средбата и покрај налетот на противник во финишот.

На победа од 26-29 се радуваше и Струга која славеше на гостувањето во Прилеп во натпревар во кој гостите го изненадија домаќинот. Пресудна за триумфот беше серијата на крајот на првото полувреме по која предноста остана во рацете на стружани до самиот крај на средбата.

На стружани сега им останува уште натпреварот во битката за релегација против Мулти Есенс.

Се вчитува...