• Иван Димовски
Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Франција, Фредерик Фоту, го скрати поширокиот список на кандидати за настап на Европското првенство, од првичните 58 на 18 имиња.
Од списокот на селекторот отпаднаа главните ѕвезди Виктор Вембањама, Руди Гобер и Еван Форние кои поради повреди веќе најавија дека нема да играат на Евробаскетот. Меѓу осумнаесетте имиња има шест играчи од НБА и тоа Билал Кулибали, Муса Диабате, Усман Диенг, Захариас Рисачер, Александер Сар и Гершон Јабуселе. Пред турнирот селекторот дополнително ќе го скрати списокот на 12 кошаркари.
- Францускиот список за Евробаскетот:
Франција ќе настапи во групата Д на континенталниот собир, каде домаќин е Полска, а противници ќе ѝ бидат уште Словенија, Белгија, Израел и Исланд. Првите четири селекции ќе обезбедат пласман во осминафиналето.
Европското првенство е закажано од 27 август до 14 септември.