Останати спортови

Штип УГД со убедлива игра се врати во битка за титулата

Штип УГД со убедлива игра се врати во битка за титулата

Одбојкарите на Штип УГД дојдоа до првата победа над Струмица 47&72 во финалната серија во најсилниот домашен шампионат.

Ова за тимот на Кристијан Ристески беше да се биде или не, притисокот беше голем, но токму во овој меч одиграа најдобро и на највисоко ниво и запишаа славје од 3-0 во сетови со 25:21, 25:23, 25:15.

Сега освојувачот на Купот на Македонија губи со 2-1 во серијата и ќе се обиде в понеделник во Струмица да се избори за мајсторка во пресметката.

Најдобар играч на домаќините беше Задмард со 18 поени, Арсов и Багаев имаа 12 и 10 поени. Милев имаше 8 поени кај поразените.

To top