Шортс го урна Монако за водство на Париз во финалето

Кошаркарите на Париз го победија Монако со 94:82 во првиот натпревар од финалето на француското првенство.

Парижаните ги победија убедливо и поведоа со 1-0 во финалето, а конечниот резултат беше 94:82 во корист на најголемата сензација во Евролигата во сезоната зад нас.

Најзаслужен играч беше американскиот бек со македонски пасош, Ти Џеј Шортс, кој го заврши натпреварот со 30 поени и 6 скока и 6 асистенции.

Надир Хифи го следеше со 18 поени, додека Тајсон Ворд постигна 16, а Јантунен 10.

За Монако, Мамаду Заите беше најефикасен со 17 поени и 9 скока, Алфа Дијало постигна 16, а Стразел исто така беше двоцифрен со 10 поени.

Се вчитува...