Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Павар не го положи последниот тест пред реваншот со Барса (Видео)

Објавено

на

Симоне Инѕаги доби две добри вести пред стартот на денешниот тренинг бидејќи на располагање му се ставија двајца играчи кои беа неизвесни за настап, но за време на сесијата, еден и дефинитивно отпаднал за утрешниот меч со Барселона во Лигата на шампиони.

Бенжаман Павар не го положил последниот тест и предвреме го завршил тренингот на Интер и покрај тоа што не работел со полн интензитет, сето тоа како последица на нови болки во левиот скочен зглоб.

Французинот почувствувал нови болки и лично му порачал на Инѕаги дека и официјално отпаѓа од реванш полуфиналето, сцена на која посведочиле и дел од италијанските новинари кои во живо го следеле денешниот тренинг на Интер.

За разлика од дефанзивецот, во овој момент далеку пооптимистички делува ситуацијата со капитенот Лаутаро Мартинез, кој пак без проблеми одработил дел од тренингот и направил важен исчекор за утрешниот меч.

Инѕаги конечната одлуката за напаѓачот ќе ја донесе утре на неколку часа пред натпреварот, но јасно е дека нема да може да смета на Павар кој одигра важна улога во патот до полуфиналето во најелитното натпреварување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни