Алек Бимбиловски е македонски дизајнер со потекло од Охрид чиишто плетенини повторно го најдоа своето место на светските модни писти.
Откако мега популарната Аријана Гранде минатата година се пофали со џемпер на „Loewe", од Бимбилоски, плетенините на дизајнерот добија уште поголема популарност.
Благодарение на „Loewe" уникатните рачни изработки пак имаа можност да оживеат во форма на шарени и еднобојни џемпери.
Бимбиловски на својот Инстаграм профил објави фотографија под хаштагот handmadewithlove мк на која се гледа негов дизајн на плетенина на ревијата на популарниот светски бренд.
Во однос на изработките Алек има изјавено дека за изведба на нарачаното се ангажираат околу осумдесетина плетачки од Македонија кои мораат да ги познаваат специфичните техники на рачна изработка за да ги задоволат потребните критериуми за квалитет на изведба.
Уште неколку парчиња со потпис на Бимбиловски креирани за модната куќа „Loewe".
Фото: Instagram