Најмалку двајца загинати во нова експлозија во Иран

29. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку двајца загинати во нова експлозија во Иран

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во експлозија што денеска се случи во магацин во индустриска зона во близина на градот Исфахан, јави државната новинска агенција ИРНА.

Причината за експлозијата се уште е нејасна. Објектот му припаѓа на производител на огномет кој, според сопствените изјави, во минатото произведувал предмети за воена употреба. Познато е дека во областа се наоѓаат делови од иранската индустрија за оружје.

Во експлозијата во саботата во пристаништето Шахид Раџаи загинаа најмалку 70 лица, а повеќе од 1.000 беа повредени. Иако властите првично ја припишаа таа експлозија на несоодветни безбедносни мерки, експертите и корисниците на социјалните медиуми иницираа можност за саботажа. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата