Левица: Македонските партии блокираат дискусија за Палестина и се ставаат на страната на агресорот

од Nikola Popovski
58 прегледи

Левица информира дека на последната седница на надлежната собраниска Комисија, пратеникот од нивните редови, Реџеп Исмаил побарал да се стави на дневен ред предлог-Декларацијата за признавање на Палестина, која шест месеци е заглавена. Како што додаваат, за дополнување на дневниот ред со предлог-Декларацијата за Палестина гласал само Исмаил.

-Сите останати пратеници од партиите ДПМНЕ, СДС, ДУИ и ВРЕДИ не гласаа за овој предлог-Декларација, со што дефакто ја докажаа нивната лицемерност во однос на геноцидот кој се случува врз палестинскиот народ. Кога голем број европски земји јасно го осудуваат теророт на израелскиот режим, кога дури 70% од државите во светот ја имаат признаено Палестина како држава – македонските партии одбираат да премолчат и да ја одберат страната на агресорот.

Односот кон палестинското прашање е длабоко втемелен во историјата на македонската држава, која почива врз темелите на правото на самоопределување на сите народи и градење мир и сојузи меѓу државите. Срамно и понижувачки е да се гледа како сите партии, освен Левица, блокираат дискусија за палестинското прашање, како прашање кое ги проблематизира основните цивилизациски вредности, каде цивилно население е изложено на брутални воени злосторства од ционистичкиот режим.

Пратениците на Левица ќе продолжат да се борат предлог-Декларацијата за Палестина да се стави на дневен ред, и покрај деструктивните блокади од сите партии, кои одбраа да молчат пред најголемиот и најтраорниот геноцид на нашето време, стои во партиското соопштение.

Левица уште лани поднесе Предлог-декларација за признавање на Палестина. На тој, како што порачаа, изразуваат поддршка за право на палестинскиот народ на самоопределување како основно човеково право загарантирано со меѓународното право и принцип, одлука за сите народи кои се борат за својата слобода и независност.

Слични содржини