• Саше Љолес
Лука Модриќ доби спектакуларна кореографија во негова чест и громогласни аплаузи од навивачите на Реал Мадрид, кои го поздравија Хрватот пред неговиот последен натпревар во „кралскиот“ дрес. Истата кореографија претставуваше испраќање и за Карло Анчелоти, кој од понеделник ќе работи како селектор на бразилската репрезентација.
Хрватскиот волшебник се збогува со домашните фанови на мечот против Реал Сосиедад, а фановите не заборавија да искажат почит за долгогодишниот и верен член на тимот, со кој Реал освои дури шест титули во Лигата на шампионите.
Иднината на Модриќ засега е непозната, веројатно ќе настапи на Светското клупско првенство, а потоа ќе побара нова средина или ќе замине во спортска пензија.
Анчелоти со насолзени очи го дочека претставувањето, транспарентот и претставувањето на „Сантјаго Бернабеу“.