Турција: Поднесени обвиненија против осомничените за пожарот во кој загинаа 78 лица

32 осомничени, од кои 19 се уапсени, се обвинети во врска со големиот пожар во хотелот Гранд Картал во зимскиот центар Болу Карталкаја во Турција, во кој во јануари загинаа 78 лица.

„Обвинението предвидува затворска казна за 13 осомничени, вклучувајќи го сопственикот на хотелот и општинските службеници, по 78 точки од обвинението за „убиство со можна умисла“ и „намерно ранување со можна умисла“, објави Анадолија.

Обвинението предвидува затворска казна до 22 години и шест месеци за 19 други осомничени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното