Шпанија
Капело за најголемиот проблем на Реал: Анчелоти остана без срцето на тимот, без главниот диригент!

Фабио Капело пристигна во Шпанија по повод „Лауреус“ наградите кои ќе се доделуваат во Мадрид, а тоа беше добра прилика за новинарите да „украдат“ по некоја изјава од славниот и трофеен италијански стручњак.
Пензионираниот Дон Фабио по крајот на тренерската кариера остана составен дел од фудбалот како извонреден аналитичар, па после стандардните коментари кои ги даде за учесниците во полуфиналето во Лигата на шампиони, сега доби шанса да зборува и за Реал Мадрид.
Како поранешен тренер на „кралскиот клуб“, Капело ја искоментира елиминацијата на Реал од најелитното натпреварување, при што не пропушти да нагласи дека најголем проблем за Карло Анчелоти било тоа што не добил адекватна замена за срцето на тимот, Тони Крос.
– Се гледа дека Реал Мадрид страда во последно време, а тоа резултираше со чуден натпревар против Арсенал во Лигата на шампиони. Тоа не ми изгледаше како нормален тим на Реал, го немаа потребниот дух, а Арсенал одигра добар натпревар.
– Анчелоти е најголемиот победник меѓу тренерите, но и тој не може да ги реши сите проблеми. Оваа сезона имаше голем број проблеми, многу повредени играчи, мораше да конструира нов дефанзивен ред речиси на секој меч, а во средината му недостасуваше најважниот играч, диригентот на оркестарот. Му недостасуваше Тони Крос и тоа многу се почувствува на најважните натпревари. Од тој дел на теренот почнува секоја акција и обидот да го одбраните својот гол. Крос беше срцето на овој тим на Реал, – потенцира Капело.
-
Англија23 часа
Џака постигнал договор за сензационален кам-бек во Премиер лигата: Чекаме одговор од Леверкузен
-
Лига на шампиони21 час
Шкендија го слави Алхасан, романскиот шампион падна во Скопје (Видео)
-
Италија24 часа
Втор потврден трансфер: Јувентус ќе исплати 30 милиони евра за популарниот „Чико“ (Фото)
-
Лига на шампиони20 часа
Експресен револт: Бекали прецрта двајца играчи на ФЦСБ по болниот пораз од Шкендија!
-
Билијард и Снукер23 часа
Само новиот европски шампион можеше да го спречи Ѓурчиновски да освои и втор медал на ЕП во билијард
-
Шпанија20 часа
„Марка“: Две ѕвезди на Реал чекаат во ред за „десетката“ на Модриќ
-
Шпанија24 часа
Нови проблеми за Бразилецот: Ендрик го завршил престојот во САД на најлош можен начин
-
Лига на шампиони10 часа
ВАР комедија во ЛШ: Звезда постигна гол, подвлечената „офсајд црта“ стана вирален хит (Видео)