Објавено на:

,,Малиот Меси“ од Нигерија на проба во Брегалница Штип

t

На тренинзите на екипата на Брегалница во изминатиов период може да се види и црномурест фудбалер, кој напорно работи со цел да дојде до дресот на овој клуб за следната сезона, што речиси би било и невозможна мисија знаејќи ја неговата биографија и фактот што нема играно никаде на професионално ниво.

Станува збор за 22-годишниот Нигериец, Олорунрину Аволеси, кој има голема желба да игра фудбал, но апсолутно ништо зад себе со што би успеал да го оствари зацртаното. Неговиот пријатели го нарекуваат „Малиот Меси“, што и самиот го има напишано на својот профил на Твитер, но со прикажаното на теренот може да се заклучи дека тоа тврдење е со милиони километри оддалечено од вистината. Станува збор за фудбалер од средниот ред, за кого не може да се најдат никакви информации на најголемата база на интернет „Трансфермаркт“, а зад себе има настапи за третолигашки нигериски клубови во натпреварување налик на нашата Бизнис лига. Тој последните два месеци претстојувал во Египет, каде што бил на проба на неколку локални второлигаши, кои очигледно не му понудиле договор, па тој решил да си ја проба среќата и во Македонија.

Присуството на Аволеси на тренинзите на Брегалница донесе немир кај голем дел од навивачите на овој клуб, кои сметаат дека се трошат непотребно многу пари за неквалитетен фудбалер, но и се сомневаат дека во позадина има и далеку посериозен проблем – можна шема на манипуланти, кои заработуваат на сметка на африкански фудбалери кои во потрага за подобар живот се третираат дури и како мигранти.

„Конкретен заклучок од оваа сторија е фактот дека Брегалница и да не го потпише овој играч, тој со македонската виза која ќе ја добие со самата покана за проба, ќе може да престојува на територија на Европска Унија до 90 денови, односно да пребега во било која друга држава, што е доста разработена шема во соработка на агентите со клубовите кои заеднички си го делат профитот од фудбалерите, без никаква намера за ангажман на играчот. Исто така постои опција, Аволеси и да не потпише за Брегалница, без проблем да продолжи на проба во било кој друг македонски прволигашки клуб со визата која му ја овозможиле штипските сини. За жал, македонскиот фудбал е лавиринт во кој како црева се испреплетени рој манипуланти, дилетанти и класични ситни измамници, во чиј затворен круг не може да се влезе, доколку не им се плати за било каква услуга“, се вели меѓу другото на страница на социјалните мрежи предводена од навивачи на Брегалница.

Од таборот на штипскиот прволигаш засега нема официјални информации за статусот на Аволеси и плановите кои клубот ги има со него. Ако тој некако и дојде до договор со штипјани, тој би бил четвртото егзотично засилување за овој тим летово, по Франбризио Венегас од Костарика, Џамал Дикенс од Панама и Колин Андерсон од Јамајка.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…