Press "Enter" to skip to content

Никола Митревски: Ќе одиме на победа во Португалија, но биде многу тешко

Еурофарм Пелистер од Битола по зимската меѓународна пауза во Лигата на шамоионите утре им се враќа на обврските во Лигата на шампионите. “Пелистерци“ во пролетниот од сезоната во елитата ќе пробаат да испишат историја и за првпат да се пласираат во елиминационата фаза, за која имаат реални шанси. 

Прв пролетен противник на пелистерци е тимот на Спортинг во натпревар кој што се игра во Португалија. Еден од најискусните во таборот на македонскиот тим, Никола Митревски, добро ги познава квалитетите на Спортинг и призна дека ќе им биде тешко на ова гостување.

-Спортинг е еден доста незгоден противник кој во последните години воден од браќата Коста игра доста добар ракомет и напаѓачки и дефанзивно. Ќе биде доста тешко да се игра на тој терен во Лисабон. Ние одиме на секој натпревар на победа, без разлика во која конкуренција. Ќе го дадеме својот максимум и се подготвуваме добро за натпреварот. Имаме математики да ја минеме групата, во игра сме и ќе одиме без притисок. Се надевам ќе пружиме добар натпревар. Големите екипи секогаш имаат период на многу натпревари, голем дел од играчите се навикнати на тоа. Сите во ЛШ имаат ваков календар. Можеби ќе биде проблем за домашното првенство, ама сме го поминале ова веќе, рече голманот Никола Митревски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »