ЦУК: Амбасадорот Гир и директорот Ангелов утрово на средба со пилотите за запознавање на против пожарните активностите

Објавено на 3 август, 2024 во 12:20

Амбасадорот на ЕУ во Р.С. Македонија Н.Е. Дејвид Гир учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот каде се запозна со противпожарните активности.  „Сите домашни и странски сили, коишто учествуваат во гаснењето на пожарите и од земја и од воздух, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, храбро и одлучно се борат да ги угаснат пожарите што земаа замав во нашата држава,“ соопшти ЦУК.

Амбасадорот Гир и директорот на ЦУК Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита беа запознаени со перфомансите и учинокот и имаа можност да ги видат леталата пред да започнат со гаснењето на нивните денешни цели.

„Директорот Ангелов се заблагодари на Амбасадорот Гир за поддршката од ЕУ Механизмот за цивилна заштита и неговото лично присуство и поддршка на здружените напори на националните и меѓународните сили  за одбрана од разбеснетата огнена стихија. Потоа Ангелов ги посети пилотите на авионите на Дирекција за заштита и спасување.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.