Распад на Партизан во Подгорица, Будуќност изедначи на 1-1

Кошаркарите на Партизан не успеаја да направат уште еден „брејк“ во финалето во АБА лигата откако загубија во вториот финален натпревар против Будуќност со 84-73 и покрај двоцифреното водство на полувремето.

По скромната прва четвртина (16-16) кошаркарите на српскиот тим ги земаа работите во свои раце, одиграа одлично во нападот и одбраната па поведоа со 31-41 на полувремето, но не само што не успеаја да пресликаат одличната игра и во вторите 20. минути, туку доживеаја потполен колапс.

Лошата игра на „црно-белите“ и во нападот и одбрана брзо го врати во игра Будуќност. Двоцифрената негатива беше претворена во предност во последната четвртина од 17 поени (73-56), а овој пат белграѓани немаа сили за чудо.

Омиќ со 15 поени и четири скокови беше лидер на Будуќност, додека Рајт додаде 14 поени. Со по 16 поени Браун и Џоунс беа лидери на Партизан.

Се вчитува...