Џенифер Лопез се расплака за време на нејзиниот концерт во Абу Даби и реши да и се заблагодари на публиката за поддршката.
Таа истакна дека нивната поддршка била особено трогателна и заплакала. Лопез на својот Инстаграм профил сподели видео од настапот.
„Ви благодарам бескрајно, сега ме натеравте да се чувствувам вака“, рече таа.
Овој посебен момент дојде откако Лопез и Бен Афлек беа објавени дека се разведуваат. Имено, Лопез поднела барање за развод на втората годишнина од бракот, 20 август 2024 година.
View this post on Instagram
Својот имот го поделиле според тоа што поединечно го стекнале од многу проекти, а сè уште не е познато како се договориле да ја поделат палатата на Беверли Хилс вредна 60 милиони долари.
Извор близок до Лопез истакна дека во наредната година ја чекаат многу позитивни работи и дека ова ќе биде голема година за неа.