logo
logo
logo

Аријана Михајловиќ: Болоња му даваше плата на Синиша до крајот на договорот

Vecer | 17.02.2024

Аријана Михајловиќ: Болоња му даваше плата на Синиша до крајот на договорот

Калчолигашот Болоња ја игра една од најдобрите сезони во историјата на клубот. Тренерот Тиаго Мота го најде вистинскиот баланс во тимот избран од легендарниот  фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.

Сопругата на починатиот Синиша, Аријана Михајловиќ, неодамна откри колку великодушно се однесувала Болоња со нивниот поранешен тренер нејзиниот сопруг популарниот Миха,кој почина на 16 декември 2022 година, по битка со тешка болест.

- Болоња му ја исплаќаше платата на мојот сопруг до последниот ден од договорот во јуни 2023 година! Неверојатен гест, кој ми даде одредена сигурност во деновите на голема конфузија. Претседателот Сапуто, Бергамини, Фенучи, Маркети, Ди Вајо, никој од нив не не заборави. Специјален клуб во посебен град – открила Аријана во интервју за „Il Mesaggioro“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk