Леонардо Дикаприо повторно остана без девојка

31 август 2022

Славниот холивудски заводник Леонардо Дикаприо (47) и моделот Камила Морон (25) се разделија по четиригодишна врска.

Како што пренесува магазинот „The Sun", парот се разделил летово, а последен пат биле видени заедно во јули, по што одвоено заминале на одмор, Камила со нејзината мајка, а Лео со пријатели.

„Лео и Камила се разделија ова лето. Останаа во добар однос. Едноставно, одлучија дека така е најдобро", изјавил извор близок до актерот за „The Sun".

The Image Direct

Првите гласини за нивната врска се појавија во 2017 година, иако тогаш тие ја негираа. Но, веќе следната година нивни блиски пријатели потврдија дека се во сериозна врска. Прв пат заедно беа видени во јавност во 2020 година, на доделувањето на Оскарите.

Случајно или не, сите љубовни врски на актерот досега се со помлади девојки во нивните рани 20-ти години, поради што често е мета на шеги, но неретко и на критики.

Актерот беше во врска со топ моделот Жизел Бундшен од 1999 до 2004 и се разделија кога таа имаше 23 години. Меѓу неговите посериозни врски, беше и онаа со Бар Рафаели, од 2005 до 2010, а се разделија кога таа имаше 25 години. Еден период се забавуваше и со Блејк Лајвли во 2011, кога таа имаше 23.

Фото: The Image Direct

Објавено:
31 август 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.060 пати