• Саше Љолес
Абдулаје Дукуре нема да добие нов договор од англискиот премиерлигаш Евертон и го напушта клубот по истекот на сезоната, јави управата.
32-годишникот беше дел од „карамелите“ од 2020 година и настапи на 165 натпревари, кои ги „зачини“ со 21 погодок. Претходно играше за Ватфорд, Гранада и францускиот Рен.
Тој е поранешен репрезентативец на Мали, а за неговите услуги се интересираат клубови од Чемпионшип, Серија А и Саудиска Арабија. Неколку италијански медиуми пишуваат дека Дукуре има конкретна понуда од Парма и Комо.