Принцот Хари побарал совет од братот на својата мајка, грофот Чарлс Спенсер, во врска со можноста за промена на своето презиме во Спенсер, објави британскиот весник „Дејли мејл“.
Според изворите, војводата од Сасекс го разгледувал тој чекор кој би значел отфрлање на презимето “Маунтбатен-Видзор“ кое го носи кралското семејство и кое го користат неговите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет.
Имено, мајката на Хари, принцезата Дајана, потекнува од семејството Спенсер, а тој сакал да го преземе презимето на својата мајка со цел да ѝ оддаде чест. Во текот на посетата на Британија, принцот Хари за ова прашање разговарал со својот вујко, грофот Спенсер.
Како што наведе „Дејли мејл“, грофот го советувал да се воздржи од промената на презимето, со оглед на правните пречки.
Презимето „Маунбаден-Видзор“ стана официјално за потомците на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, а користењето на тоа презиме за децата на војводата и војвотката од Сасекс претставува значаен чекор во зачувувањето на семејната традиција.
-Меѓутоа, уште од нивната венчавка во 2018 година, семејствто на Хари имаше предизвици во врска со имињата и титулите, истакнуваат медиумите.
Сопругата на Хари, Мегал Маркл во неколку наврати инсистираше на тоа дека „Сасекс“ е нивно семејно презиме, дури и ги поправаше гостите во својата емисија иако и таа и принцот Хари се повлекоа од официјалните улоги во кралското семејство, пренесува „Танјуг“.
фото: instagram printscreen/princeharryofengland
•