logo
logo
logo

Гордана Силјановска Давкова ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 21.02.2024

Гордана Силјановска Давкова ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека на јавниот повик за кандидат, на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Република Македонија, се пријавила проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Гордана Силјановска-Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Таа е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија.

За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Македонија која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk