Години наназад низ цел Балкан овој период се случува патувачкиот караван на „Ѕвездите на Гранд“ од кој примарна цел се аудициите и изборот на нови кандидати за претстојната нова сезона.
Во агендата и планот за посета по градови на почесокот од неделава беше и Скопје. Интересот за оние кои сметаат дека имаат талент и сакаат да се пробаат во „Ѕвездите на Гранд“ беше голем, а аудицијата се одржа во телевизија Сител, односно во студиото на „Се или нешто“.
Ако до минатата година главен на аудициите и оној кој ја прави селекцијата на најдобрите, беше сега починатиот директор Саша Поповиќ заедно со уште некои наши македонски пејачи, сега ситуацијата беше поинаква.
Главни на жири столчињата беа: директорот на Гранд продукција Горан Шљивиќ, посинокот на Саша Поповиќ – Данијел Јовановиќ, како и хармоникашот и член на продукција Микица Гачиќ.
Големо изненадување за кандидатите беше доаѓањето на членот на стручното жири, Ѓорѓе Давид, кој се огласи по повод аудицијата во Скопје.
– Одиме на аудиција за да видиме какви се македонските жени и мажи, какви кандидати решиле да се појават денес и да нè направат среќни. Македонија е позната по тоа што пее толку добро што може да се чуе до небото – рече рокерот.
Нема сомнеж дека и годинава Македонија ќе има кандидати од големата сцена и чии имиња допрва ќе се слушаат.
фото:You tube printscreen/Zvezde Granda/ grand.online