АТП
Ѓоковиќ: Размислувам за пензија, татко ми ме убедува…

Новак Ѓоковиќ е еден од најголемите тениски асови на сите времиња, човек со најмногу освоени пехари на грен слем сцената, меѓутоа и човек чија кариера е во самата завршница со оглед на тоа што веќе во мај ќе го прослави и 38 роденден.
Во минатата година тој не освои ниту една АТП титула што е уште еден знак дека го губи чекорот и не е повеќе доминантен, меѓутоа дека е максимално конкурентен покажа во Париз каде го оствари својот сон и дојде до златниот медал на ОИ.
Меѓутоа и самиот Ѓоковиќ признава дека размислува за пензија.
-Размислувам за пензија, повеќе за тоа како ќе изгледа отколку кога ќе се случи. Мислам дека ќе одлучам дека е доста кога ќе губам почесто, кога ќе се чувствувам дека повеќе не можам да се натпреварувам за најголемите трофеи.
-Дали имам волја за тенис? И да и не. Се надевам дека ќе постигнам многу повеќе работи како ветеран, ќе ги унапредам правата на играчите и ќе продолжам да ги развивам моите деловни проекти. Тенисот останува мојот најгласен мегафон и начин да му се обратам на светот. Меѓутоа, ако гледаме чисто од конкурентска перспектива, претпоставувам дека не сум толку мотивиран, -откри Ѓоковиќ кој порача дека неговиот татко го убедува да се повлече од белиот спорт.
-Се чувствувам како луѓето веќе некое време да ми пишуваат тениски „некролог“. Првиот што почна со ова беше татко ми иако не знам колку ќе му се допадне што ова го кажувам. Веќе некое време се обидува да ме убеди да се повлечам, но не инсистира. Тој ги разбира и почитува моите одлуки, но често ме прашува што друго сакам да постигнам. Свесен сум за стресот и напнатоста кои влијаат на мојот ум и тело, а со тоа и на сите околу мене. Затоа ми рече да почнам да размислувам за крај на кариерата“, изјави Ѓоковиќ за „Џи-Кју“ магазинот.
-
Балкан22 часа
Поранешен офанзивец на Интер и Рома ќе им биде соиграч на Ристовски и Елези во Сараево
-
Англија21 час
Рио го искоментира трансферот на Шешко и испрати порака до навивачите на Јунајтед
-
Италија12 часа
Газдата на Торино со став за враќањето на Елмас: Нашиот тим е речиси комплетиран
-
Шпанија7 часа
Левандовски ќе го скокне дуелот со Комо, а веројатно и премиерата на новата сезона во Ла Лига
-
Шпанија10 часа
Мартинез си обезбедил опција за разделба со Барселона со специјална клаузула
-
Италија11 часа
Милан ќе го искористи Шешко за да ангажира фудбалер на Манчестер Јунајтед
-
Италија12 часа
Јувентус ќе го „спасува“ Њукасл за да ја оствари главната цел во преодниот рок
-
Италија22 часа
Јашари: Сонот стана реалност, сакам да го вратам Милан каде што припаѓа!