Надежите до 16 години загубија од Србија на развојниот турнир во Подгорица

Репрезентацијата на Македонија до 16 години со пораз го започна развојниот турнир во Подгорица, Црна Гора.  Нашата млада селекција денеска загуби од Србија со 2-0. 

Во меч во кој противникот, но и ние имавме свои одлични моменти, Србија ги искористи своите шанси, а на нашите надежи им недостасуваше спортска среќа да се радуваме на погодок.

На двапати го погодивме дирекот од голот на противникот преку Амети и Лука Георгиевски, додека шанси не искористија Петковски, Ракипи, Исламовиќ. Следен дуел на нашата репрезентација е против Словачка во петок.

Македонија до 16 години: 
Даријан Денковски, Филип Цветковски, Давор Јорданов, Анес Бајрами, Грегоријан Михајловски, Фадил Исламовиќ, Горјан Петковски, Андреј Цветковски, Сонер Ракипи, Лука Кнежевиќ, Васко Папалиски;  Ринор Цека, Амин Суловиќ, Игор Вргов, Коста Бошковски, Аријан Рамадани, Лука Јаснин Ѓоргиев, Вулмет Амети, Лука Ѓоргиевски, Мелдин Аломеровиќ, Марко Мирчевски.

Селектор: 
Драган Начевски