Следете не

Мобилни уреди

Xiaomi ја претстави серијата 12S телефони со „Leica“ камери

Објавено пред

на

Фото: Xiaomi promo

На вчерашната конференција, Xiaomi претстави три телефони од новата серија 12S: Xiaomi 12S, Xiaomi 12S Pro и Xiaomi 12S Ultra.

Ова е првата серија на Xiaomi телефони кои доаѓаат со камери дизајнирани во соработка со германската Leica. Компанијата тврди дека двете компании ги здружиле силите за да создадат „нов стандард за фотографирање на телефони“.

Xiaomi 12S и Xiaomi 12S Pro

Двата модели имаат AMOLED екран, резолуција 2400×1080, со брзина на освежување до 120 Hz. Разликата е само во дијагоналата. 12S има екран со дијагонала од 6,28 инчи, додека 12S Pro пристигнува со малку поголем екран со дијагонала од 6,73 инчи. Двата дисплеа поддржуваат Dolby Atmos, HDR 10+ и осветленост до 1100 nits.

Камерата Xiaomi 12S се состои од главен сензор од 50 MP, ултра широк сензор од 12 MP или телефото сензор од 5 MP.

Xiaomi 12S Pro има малку поинаква конфигурација. Сите три сензори на про варијантата се од 50 MP, а телефонот нуди и 2X оптички зум. Двата модели имаат предна камера од 32 MP, а корисниците можат да избираат помеѓу два режима: Leica Authentic Look и Leica Vibrant Look.

Двата телефони се напојуваат со чип Snapdragon 8+ Gen1, комбиниран со 8GB/12GB RAM и простор помеѓу 128GB и 512GB.

Xiaomi 21S има батерија со капацитет од 4500 mAh со поддршка за брзо полнење до 67W. Промоделот поддржува уште побрзо полнење до 120W.

Xiaomi 12S Ultra

Xiaomi 12S Ultra треба да биде најдобриот телефон што компанијата може да го понуди.

Xiaomi 12 Ultra доаѓа со главен сензор од 50,3 MP, ултра широк сензор од 48 MP и телефото сензор од 48 MP со оптичка стабилизација на сликата.

Телефонот има 6,73-инчен AMOLED екран со резолуција од 3200×1440 со прилагодена стапка на освежување до 120Hz. Дисплејот поддржува HDR 10+ и Dolby Vision, а осветленоста е 1500 nits.

Телефонот се напојува со чип Snapdragon 8 Gen1 во комбинација со 8GB/12GB RAM.

Има стерео звучници со поддршка за Dolby Atmos и IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода.

Целосна конференција:

Мобилни уреди

Овие 5 андроид мобилни уреди се помеѓу најпродаваните 10 во светот

Објавено пред

на

ФОТО: Daniel Romero @ Unsplash.com

Според најновите податоци од „Counterpoint Research“, листата на најпродавани паметни телефони во светот за првиот квартал од 2025 година покажува дека Apple повеќе не е единствениот лидер на пазарот. Иако ги зазема првите четири позиции, Android уредите успеаја да се изборат за половина од топ 10 листата, при што Samsung доминира со четири модели, а Redmi се појавува со еден.

Од Samsung, меѓу најпродаваните се најдоа моделите: Galaxy A16 5G, Galaxy A06, Galaxy S25 Ultra и Galaxy A55 5G. Особено се истакнува Galaxy A16 5G, кој е на петтото место, но е најпродаваниот Android телефон во овој период.

Galaxy S25 Ultra, како единствен премиум Android модел на листата, е на седмото место – нешто пониско во споредба со неговиот претходник, S24 Ultra, кој лани беше петти. Причина за ова е неговото подоцнежно лансирање, што резултираше со пократок период на продажба. Сепак, серијата S25 во целина се продава стабилно, претставувајќи околу 25% од вкупната испорака на Samsung во месеците кога беше достапна.

Redmi 14C 4G е моделот кој ѝ обезбеди на оваа марка место меѓу најпродаваните Android телефони.

Apple, пак, доминира на врвот со моделите iPhone 16, 16 Pro Max, 16 Pro и iPhone 15, кои се на првите четири позиции. iPhone 16 Plus го зазеде десеттото место. Забележително е што iPhone 15, и покрај тоа што е на пазарот речиси две години, сè уште се продава одлично, благодарение на привлечната цена. Иако iPhone 16e не е меѓу првите десет, се очекува да има подобри резултати од претходните SE модели во текот на првата година.

Извор: counterpointresearch.com

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Според анализа на „Counterpoint“ еве кој мобилен уред е најпродаван во светот

Објавено пред

на

ФОТО: Utsman Media @ Unsplash.com

Според анализата на Counterpoint Research, Apple ги освои првите четири позиции на глобалната листа на најпродавани телефони. Најмногу се продавал iPhone 16, по него следат iPhone 16 Pro Max, iPhone 16 Pro, како и моделот од минатата година – iPhone 15. Овој успех уште еднаш ја потврдува доминацијата на Apple на светскиот пазар на паметни телефони.

Според MacRumors, успехот на iPhone 16 не е случаен. За разлика од претходните години кога најскапите модели како Pro Max беа најбарани, сега обичниот iPhone 16 е многу популарен. Причината за тоа е што го користи новиот A18 чип, кој е речиси ист како A18 Pro чипот во iPhone 16 Pro Max.

Освен тоа, моделот доби нови функции како копче за акција и копче за контрола на камерата – нешто што досега беше достапно само кај Pro моделите. Овие додатоци го направија iPhone 16 попривлечен и го приближија до Pro серијата, давајќи им на корисниците подобра вредност за своите пари. Ова доведе до значителен пораст на популарноста на основниот модел во повеќе делови од светот.

Во првите три месеци од годинава, пет од десетте најпродавани смартфони биле модели на Apple. iPhone 16 Plus се пласираше на десеттото место, додека новиот iPhone 16e го зазеде шестото место во март 2025 година.

Со својата прифатлива цена и одлични карактеристики, iPhone 16e нуди многу повеќе од тоа што претходно го нудеше iPhone SE. Се очекува дека ќе го надмине својот претходник по бројот на продадени уреди, благодарение на подобрениот хардвер.

Извор: Counterpoint Research / MacRumors

Прочитај повеќе...

Мобилни уреди

Компанијата „Realme“ спрема мобилен уред со „џиновска“ батерија?

Објавено пред

на

ФОТО: Andrey Matveev @ Unsplash.com

Компанијата Realme неодамна ја претстави својата напредна батериска технологија, но на промоцијата на моделот GT 7 во Париз сепак не изведе јавна демонстрација. И покрај тоа, потпретседателот и маркетинг директорот на Realme потврди дека се работи на нов телефон со огромна батерија од 10.000 mAh.

Во изјава за Android Headlines, тој откри дека засега нема точен датум за пуштање на уредот, бидејќи се соочуваат со сериозни технички предизвици. Сепак, тој најави дека наскоро ќе биде лансиран телефон со батерија од 7.500 mAh – што е за 1.000 mAh повеќе од GT 7 Pro.

Главниот проблем што ја спречува компанијата да претстави уред со батерија од 10.000 mAh е просторот. Иако силициум-јаглеродните батерии се потенки и погусти, батерија со толкав капацитет бара многу повеќе место во внатрешноста на телефонот. Тоа значи потешкотии во вградување покрај други компоненти како телефото камерата, но и проблеми со ладењето, бидејќи поголемата батерија создава и повеќе топлина – а никој не сака гломазен и прегреан уред.

Realme веќе поднесе патенти поврзани со оваа технологија, па доколку развојот продолжи со сегашното темпо, телефон со батерија од 10.000 mAh би можел да се појави во блиска иднина.

Извор: phandroid.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал

Реал Мадрид во моментов се наоѓа во САД каде што учествува на Светското клупско првенство. На првиот натпревар против Ал...

Временска прогноза2 часа

Викендот посвежо со повремено засилен северен ветер и без дожд

Под влијание на стабилна, сува и малку посвежа воздушна маса од север и од североисток, за време на викендот (сабота...

Скопје6 часа

Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче...

Македонија8 часа

Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит,...

Lifestyle11 часа

Лимонада со нане и краставица – природен пијалок за освежување и хидратација

Овој лесен и освежителен пијалок не само што го гаси жедта во топлите денови, туку истовремено го хидрира телото, има...

Lifestyle11 часа

Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки

Во текот на годината, во телото се акумулираат штетни материи и токсини, а летниот период е идеално време за лесна...

Магазин11 часа

Samsung ја завршува поддршката за Tizen паметните часовници – важи од септември 2025

Компанијата Samsung најави дека поддршката за нејзините паметни часовници со оперативен систем Tizen ќе заврши до крајот на септември 2025...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за четврток (19 јуни)

ОВЕН Ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност што ви...

Скопје1 ден

МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна...

Lifestyle1 ден

Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!

Во Кичево после подолго време се отвора ноќен клуб каде несомнено ќе биде новиот „епицентар“ на младите, според планираната агенда...

НАЈЧИТАНИ