14 Јуни, 2025
0.0322

СИТУАЦИЈАТА ПОД КОНТРОЛА, НО НЕ И НАЈСТАБИЛНА, СЕ ЗАРАЗУВААТ И ВОЗРАСНИ СО ГОЛЕМА КАШЛИЦА: Од 56 потврдени случаи 46 се во Скопје

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2024 13:08

Добивај вести на Viber

Епидемиолошката состојба со големата кашлица е под контрола но не е и најстабилна, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски по редовниот состанок. Вели дека досега се потврдени вкупно 56 случаи на голема кашлица, од кои 46 се во Скопје, но бројот се зголемува, односно сега се во пораст бројките и на повозрасната популација. Сега имаме случаи на голема кашлица кај адолесценти и повозрасни.

-До денеска се потврдени вкупно 56 случаи. Од нив 14 се деца под една година, 9 се дополнително се на возраст од 1-4 години. Од вкупниот број 16 се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани. Сега се појавуваат адолесценти, деца на возраст од 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во текот на следните недели ќе има промена на демографската структура на позитивните случаи, очекуваме кај повозрасните да се потврдува почесто оваа болест“, изјави д-р Петличковски.

Нагласи сепак дека болеста, големата кашлица не претставува голем и животозагрозувачки ризик кај возрасните бидејќи постои антибиотска терапија, а веќе од следната недела ќе бидат обезбедени и вакцини за пертусис за возрасни.

-Пертусисот не е тешка болест за возрасните. Нашата најголема грижа е спречување на болеста кај децата под една година, затоа постојано апелираме на вакцинација, како најдобра превентива од ова заболување. По порогласување на епидемијата во Скопје, вакцинирани се 13.000 деца, но остануваат уште многу илјади кои треба да се вакцинираат. Овие вакцини, кои сега ги очекуваме за возрасните, треба да стигнат деновиве, а истите се наменети и за трудниците, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.  

Истовремено, тој потенцираше и дека е изготвено упатството од страна на Институтот за јавно здравје, во кое има напатствија за однесување, за постапки во услови на епидемија и до крајот на неделата ќе биде и обелоденето.

-Има некои забелешки и идеи за подобрување, но до крајот на неделата ќе биде објавено и испратено до сите инволвирани во процесот. И уште, дискутиравме малку и за тестирањето, за начинот на организација на тестирањето за што повеќе лаборатории од јавното здравство да бидат спремни да одговорат на барањата за тестирање, така што во следниве денови навистина брзо очекуваме да се реагира, да се проценат лабораториите кои исполнуваат услови за воведување на ова тестирање и исто така да се назначи, да се формира една референтна државна лабораторија, во која би можеле да се потврдуваат случаите на пертусис позитивни од приватни лаборатории. Тоа ни се заклучоците од денешниот состанок, истакна д-р Петличковски.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули

ВМРО СООПШТИ УШТЕ ОСУМ ИМИЊА НА КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: За Скопје ќе кажат во јули

ШЕСТ ДОЛГИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: На „Богородица“ се чека со часови

ШЕСТ ДОЛГИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: На „Богородица“ се чека со часови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинение против 34 лица за пожарот во Пулс, има докази кој ја внел пиротехниката

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинение против 34 лица за пожарот во Пулс, има докази кој ја внел пиротехниката

БЛИСКИТЕ БАРААТ ПОМОШ: Се изгубил Македонец во Германија

БЛИСКИТЕ БАРААТ ПОМОШ: Се изгубил Македонец во Германија

СО НИВ ЌЕ ЈА БАРА ДОВЕРБАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ објави осум кандидати за градоначалници

СО НИВ ЌЕ ЈА БАРА ДОВЕРБАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ објави осум кандидати за градоначалници

(ВИДЕО) Камион гори на автопатот Скопје – Тетово

(ВИДЕО) Камион гори на автопатот Скопје – Тетово

ЈАКИМОВСКИ: Соочени сме со колапс на ЈП „Паркови и зеленило“

ЈАКИМОВСКИ: Соочени сме со колапс на ЈП „Паркови и зеленило“

МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ВОЗДРЖАНА ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ГАЗА: Муцунски објасни зошто...

МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ВОЗДРЖАНА ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ГАЗА: Муцунски објасни зошто...

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМА ДОКАЗИ КОЈ ЈА ВНЕЛ ПИРОТЕХНИКАТА: Постапката e запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМА ДОКАЗИ КОЈ ЈА ВНЕЛ ПИРОТЕХНИКАТА: Постапката e запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри