logo
logo
logo

Сирија даде 10 дена рок на малите вооружени групи да се приклучат кон Министерството за одбрана

Vecer | 18.05.2025

Сирија даде 10 дена рок на малите вооружени групи да се приклучат кон Министерството за одбрана

Британските медиуми јавуваат дека министерот не прецизираше какви мерки ќе бидат преземени, а во соопштението објавено доцна синоќа се наведува дека „воените единици“ сега се интегрирани во „унифицирана институционална рамка“, нарекувајќи го тоа „големо достигнување“. 

Спојувањето на малите вооружени групи со сириското Министерство за одбрана треба да се спроведе како дел од консолидацијата на државната власт, шест месеци откако сирискиот претседател Башар ал-Асад беше соборен од власта. 

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела се сретна со привремениот сириски претседател Ахмад ал-Шара во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, и најави укинување на санкциите против Сирија./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk