Кичево
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории

Дистрибутерот на „Жито Лукс АД“ – Скопје, водечката компанија во прехранбената индустрија, има потреба од вработување на дополнителен персонал за работа за реон на град Кичево. Имено, потребен е персонал за работа во следните категории:
- 2 слободни позиции: (Возач / Дистрибутер)
- 1 слободна позиција: (Администратор)
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работено со дистрибуција на леб. Работното време е од утрински часови до пладне. Вработените ќе бидат осигурани и со платени придонеси од првиот момент на работа, се разбира, додека нивните примања ќе бидат навремено исплаќани.
Кандидатите потребно е да имаат важечка возачка дозвола „Б“ – категорија, „Ц“ категорија понатаму ќе се смета за предност.
Сите вие, мотивирани, стабилни, флексибилни, способни за индивидуална и тимска работа, насочени да постигнете резултати, контактирајте за повеќе информации на тел бр 076/395-648, испратете кратка биографија на Viber, ќе бидете контактирани и повикани на разговор.
Станете дел од големото семејство на „Жито Лукс АД“ – Скопје
Кичево
(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“

Денес во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ – Кичево со воена свеченост припадниците од 1. пешадиски баталјон (1.пб), од 1 пешадиска бригада (1. пбр) традиционално го одбележаа 21-ви Мај – „Денот на Единицата“, која ги продолжува традициите на формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред.
Во текот на одбележувањето на денот со пригодни говори и честитки на свеченоста, присуствуваа бригаден генерал Дејан Чиплаковски, Командант на Командата за обуки и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, пензиониран генерал Зоран Милески, поранешни команданти, старешини, војници и цивилни лица во Армијата, пензионирани лица од единицата и гости.
– Овој ден 21-ви мај има посебно значење за припадниците од 1 пешадиски баталјон, каде се навршуваат 82 години од сега веќе далечната 1943 година кога Главниот штаб на Народно Ослободителнатра Војна и Партизанските Одреди на Македонија од пристигнатите борци на 21-ви мај 1943 го формираа Кичевско-Мавровскиот Партизански Одред. По тој повод се организира оваа воена свеченост „21-ви Мај Денот на единицата“
На оваа свеченост беа наградени најдобриот вод, пофалени и унапредените старешини и војници, беа врачени благодарници до локалните приватни и државни претпријатија, како и поклони и срдечни почести и честитки за пензионираните припадници на АРМ.
На крај свеченоста беше официјално затворена со скромен коктел за присутните во дворот на касарната „Чеде Филипоски – Даме“
На официјална покана и ние бевме дел од оваа свеченост, така што настанот ви го пренесуваме преку фотогалерија:
Д.Б.
Кичево
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“

Во четвртокот во 18:00ч се одржа третиот по ред протест пред општинската зграда во Кичево, овој пат на кеј.
– Барањата беа исти, протестите се со цел дислокација на дивата депонија, настаната во местото повеќе познато меѓу кичевчани Керамички комбинат.
– Околу 200 кичевчани изразија револт поради до сега никаквото решение со депонијата која шири заразни болести и е закана по здравјето повеќе од 8 години.
– „На гости ми дојдоа луѓе од Истанбул, кога излеговме на балкон веднаш ме прашаа што е оваа смрдеа, јас приморан бев да им кажам дека на 100м имаме депонија, а тие на тоа ми одговорија ова да беше во Турција, ќе следеа низа казни и медиумски блам“ – на говорот истална Џани Вели, старограѓанин од Кичево, долгогодишен пациент на Онкологија.
Свое излагање пред присутните имаше и еден од организаторите кој даде крик за оваа немила ситуација со депонијата, г-дин Бојан Мишкоски, кој потсети дека само сè бара чист воздух, здрава средина, она што е загарантирано со закон.
– Тој исто така истакна дека тука нема да застанат и дека ќе го мобилизираат народот се до разрешница на овој долгогодишен проблем кој ги труе кичевчани, а најмногу младата популација.
Да потсетиме за овој проблем истражуваше и ИРЛ:
Кичево
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден

Кичевските матуранти, генерација 2021-2025 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Дождот не беше пречка за нивно славје. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование.
п.с. Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!
– Апел да внимаваат денес на својата и на безбедноста на сите други граѓани, да се памети и оваа година по убави спомени вашата матура!
Кратко видео од прославата пред гимназијата Мирко Милески – ТУКА
Со среќа!
-
Кичево11 часа
(ФОТО) Денес во кичевската касарна „Чеде Филипоски – Даме“ – со свеченост беше реализиран 21-ви Мај – „Денот на единицата“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (21 март)
-
Временска прогноза4 часа
Попоски истакна дека најмалку до првата седмица од јуни месец ќе имаме слично време, можеби и со пониски температури
-
Македонија1 ден
Посебен сообраќаен режим за експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани
-
Здравје и убавина1 ден
Вниманието во храната во борбата против заморот е многу битна за човековиот организам
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден (20 мај)
-
Македонија8 часа
Приведен измамник: Преку фејсбук страница продавал наводно благословени предмети
-
Спорт2 дена
Македонската репрезентација во фудбал до 18 години, ќе одигра два контролни натпревари со Словенија во гости