Шефовите на дипломатиите на Германија и Франција на средба со новите сириски власти

3. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефовите на дипломатиите на Германија и Франција на средба со новите сириски власти

За време на посетата Бербок ќе се сретне со лидерот на новата сириска Влада, Ахмед ал Шара.

 „Моето денешно патување, заедно со мојот француски колега и во име на ЕУ, е јасен сигнал за Сиријците: можен е нов политички почеток меѓу Европа и Сирија, меѓу Германија и Сирија“, наведе Бербок во соопштение објавено пред нејзиното тргнување за Дамаск.

Таа посочи дека сега сите го имаат на ум она што го посакуваат милиони Сиријци - Сирија повторно да стане почитувана членка на меѓународната заедница.

„Во Сирија сакаме да промовираме мирна и барана транзиција во служба на сирискиот народ и заради регионалната стабилност“, напиша Баро на мрежата Икс.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата