НЕКОЈ ОВДЕ ЛАЖЕ – Што пишуваат Грците: АЕК не играше поради неправдата кон грчките навивачи

Раководството на АЕК во салата „Борис Трајковски“ пред официјалните лица се жалеше на притисок од навивачите, па дури и закани по живот, како главна причина што грчкиот тим одби да излезе на теренот на реваншот со Алкалоид.

Кога станува збор за грчките медиуми, тогаш приказната е сосема поинаква, па АЕК се јави со порака дека со цврста намера не сакале да играат со македонскиот тим, како знак на протест кон навивачите на кои не им било дозволено да влезат во салата.

„Нема да излеземе на терен, нема да играме… поради непрадата кон нашите навивачи кои не можеа да ја минат границата“, им соопштил претседателот Стаматис Папастаматис на ракометарите кои сакале да играат, но тој не им дозволил: „Разбирам дека сакате да играте, да ја водите оваа битка. Сепак, правата на навивачите на АЕК се права на целиот клуб. Тие се нашата сила и ние ќе ги почитуваме по секоја цена. Нема да дозволиме неправда кон нив поради измама од локалните власти. АЕК е семејство, ние сме едно со навивачите. Нема да дозволиме ваква неправда кон нив и затоа нема да играме“, додал Папастаматис, пренесува грчка „Газета“.

Различните верзии на раководството се јасен доказ за лагите кое АЕК упорно ги шири вечерва, причина повеќе ЕХФ во вторник да ја донесе единствената правилна одлука: Алкалоид да добие службена победа, а Грците жестока казна за преседанот што го направија на еден европски натпревар.

Се вчитува...