Норвешка воведува нов туристички данок

Минатата година, Норвешка забележа рекордни 38,4 милиони ноќевања, од кои 12 милиони беа странски туристи, покажуваат официјалните бројки

Норвешките власти потврдија дека воведуваат туристички данок, што ќе има за цел да помогне во финансирањето на надградбите и подобрувањата на инфраструктурата во време кога земјата доживува вистински туристички бум што носи и сериозни последици.

Новиот закон предвидува данок од три проценти на сместување, а може да се примени и на крстосувачките бродови што се закотвуваат по должината на брегот, особено во областите погодени од приливот на туристи.

Минатата година, Норвешка забележа рекордни 38,4 милиони ноќевања, од кои 12 милиони беа странски туристи, покажуваат официјалните бројки.

Фјордовите и живописната околина на Норвешка привлекуваат сè повеќе посетители во земјата. Но, јавните тоалети и паркинзите се под опсада на туристите, што често води до конфликти со локалното население. Собраните средства ќе бидат исклучиво наменети за подобрување на туристичката инфраструктура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни