Италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти официјално беше претставен како нов селектор на бразилската репрезентација на прес-конференција во Рио де Жанеиро пред повеќе од 250 медиумски претставници.
„Чест и гордост е да се води најдобриот тим во светот. Пред мене е голема задача“, изјави 65-годишниот Анчелоти.
Интересот за презентацијата беше огромен, присутни беа над 250 новинари.
„Предизвикот е голем. Отсекогаш сум имал посебна врска со оваа селекција. Ќе работиме напорно за Бразил повторно да стане светски шампион“, додаде Италијанецот, кој на оваа позиција го наследи Доривал Жуниор, отпуштен во март по поразот од Аргентина со 4-1 во квалификациите за СП 2026.
Бразил во моментов се наоѓа на четвртото место во квалификациската група, а шест селекции обезбедуваат директен пласман. Анчелоти ќе дебитира на селекторската функција во јуни, кога Бразил ќе се соочи со Еквадор и Парагвај.
По тој повод, Анчелоти го објави списокот од 25-мина фудбалери на кои ќе смета за овие натпревари. На него ги нема Нејмар и Родриго, но повратник на списокот е Ентони.
Поранешната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен, кој на крајот од јануари се врати во Сантос, неодамна се врати на терените по петнеделно отсуство поради повреда.
„Ги избрав играчите што се во добра форма. Нејмар штотуку се врати од повреда. Сите знаеме колку е важен и секако дека сметам на него“, порача Анчелоти.
Список на повикани играчи:
Голмани: Алисон (Ливерпул), Бенто (Ал-Наср), Хуго Соуза (Коринтијанс)
Одбрана: Данило (Фламенго), Вандерсон (Монако), Алекс Сандро (Фламенго), Карлос Аугусто (Интер), Весли (Фламенго), Александро (Лил), Бералдо (ПСЖ), Лео Ортиз (Фламенго), Маркињос (ПСЖ)
Среден ред: Андреас Переира (Фулам), Андреј Сантос (Стразбур), Бруно Гимараиш (Њукасл), Каземиро (Манчестер јунајтед), Едерсон (Аталанта), Жерсон (Фламенго)
Напад: Ентони (Бетис), Естевао (Палмеирас), Габриел Мартинели (Арсенал), Матеус Куња (Вулверхемптон), Рафиња (Барселона), Ришарлисон (Тотенхем), Винисиус јуниор (Реал Мадрид)