logo
logo
logo

Косовското собрание не е конституирано дури ни по 16-тиот обид

Vecer | 15.05.2025

Косовското собрание не е конституирано дури ни по 16-тиот обид

 Членовите на поранешните опозициски партии не предложија членови на изборната комисија и не гласаа за составот на комисијата, што доведе до одложување на седницата.

За формирање на комисијата гласаа 55 пратеници, а еден глас беше против.

Следната седница е закажана да продолжи на 17 мај.

Поради ситуацијата во која собранието не е конституирано ниту по 16-тиот обид, а на барање на неколку политички партии, претседателот на Косово Вјоса Османи за денеска свика консултативен состанок со лидерите на партиите.

Според експертите по уставно право, претседателот може само да посредува во постигнување политички договор, но нема други овластувања, освен да го упати прашањето до Уставниот суд за решавање на моменталната ситуација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk