Драма каква што не се памети денеска ја потресе Љубљана!
Словенечкиот пратеник Андреј Хојвик се искачи на кровот на зградата на Народното собрание.
Тој се закануваше дека ќе скокне пред очите на шокираните минувачи. Хојвик е член на опозициската партија СДС. Од покривот тој упати пораки до јавноста.
Директно ја критикуваше власта. Изјави дека „она што го прават со оваа земја не е исправно“. Зошто овој пратеник се одлучи на ваков очајнички и крајно ризичен чин?
Каква е неговата моментална состојба по интервенцијата на итните служби?
По целиот настан, пратеничката група на СДС излезе со официјално соопштение. Тие се извинија на јавноста. Побараа и разбирање за постапката на нивниот колега. „Искушенијата што ни ги наметнува животот понекогаш се премногу тешки. Ве молиме за разбирање и сочувство. Ви благодарам!“, се наведува во соопштението на партијата.
— Uroš Petohleb(@UrosPetohleb) May 16, 2025