Американска стриптизета се заканува дека ќе објави голи фотографии со познат маж

6. 03. 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американска стриптизета се заканува дека ќе објави голи фотографии со познат маж

52 годишната Кери, како што пренесува „Дејли мејл“, сака да му се одмазди на принцот Хари кој ја бакнал. Имено, тој организираше забава со стриптизерки во 2012 година во хотелот „Wynn“.

Разголените фотографии од тогаш 27-годишниот принц и жената која го гушка, ги објави „The Sun“ пред 12 години.

Поранешната стриптизерка  сега пред новинарите се закани дека има повеќе „материјал“  кои може да го објави на нејзината страница на „OnlyFans“.

„Имам повеќе негови многу проблематични фотографии кои јавноста никогаш не ги видела. Луѓето би биле шокирани од она што би го виделе. Зошто го правам ова? Затоа што сум бесена на начинот на кој сум прикажана во неговата книга, или подобро кажано, јас сум навредувани на најлош начин. Всушност, изненадена сум што воопшто се сеќава на мене затоа што беше пијан како летва. Но, кога веќе ме фати во таа приказна, зошто не се сети на некои други работи во книгата “, рече Кери.

Поранешната стриптизета дури на аукција продала пар црна долна облека што му припаѓала на Принцот Хари во 2022 година.

Наводно, тој бил гол, свирел гитара пред неа покрај базенот во Лас Вегас, пред да и подари црна долна облека.

„Кога се забавуваше во Вегас, сите го сакаа, особено неговата смисла за хумор. Барем овие панталони се потсетник како беше... кога Хари беше принцот на забавата. Штета што тој е сериозен овие денови. Дури и како оженет татко на две деца, тој треба да се релаксира одвреме-навреме и да ја пушта косата, што  му остана“, заклучува Кери.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата