Коцевски во 24 анализа: Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од денеска почнува увидот на одбраната во доказите
Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од денеска почнува увидот на одбраната во доказите, објави во 24 анализа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Тој вели дека засега не може да прецизира колкав ќе биде конечниот број обвинети, а најави можност за некои да биде прекината истрагата. Тврди, ОЈО ГОКК продолжува со истрагата околу улогата на полицајците кои кобната ноќ беа во дискотеката „Пулс“ и не исклучува можност доколку се обезбедат докази, да станат осомничени. Коцевски вели, полицијата влегла во Пулс 15 минути пред пожарот.