Економија

Очекувањата на германските извозници на најниско ниво

Деловните очекувања на германските извозници во април паднаа на најниско ниво во последните речиси пет години,  се заклучува во извештајот објавен денес од Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.

Вредноста на индикаторот што го мери деловно расположението на германските извозници во април се намали на минус 9,8 поени од минус 2,3 поени во март, што е најниска вредност од мај 2020 година.

Царинскиот конфликт со Соединетите Американски Држави ја згасна надежта на германските извозници дека нивниот бизнис ќе се подобри, изјавил Клаус Волрабе истражувачки менаџер во ИФО.

Според него, високото ниво на неизвесност во врска со царинските давачки веројатно дополнително ќе ја влоши ситуацијата.

Очекувањата на германските извозници се намалија во повеќето сектори како што се автомобилската индустрија, хемиската индустрија, машинското инженерство или индустријата за мебел.

Перспективите во металуршката индустрија во Германија беа мрачни и минатиот месец, а не се подобрија ниту во април.

Производителите на електрична опрема и хартиената индустрија веруваат дека нивниот извозен бизнис ќе остане на исто ниво, додека оптимизам е забележан само кај производителите на пијалоци, кои очекуваат значително зголемување на меѓународната продажба, се додава во извештајот, пренесува Политика.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано