Економија
НАЈВИСОК НЕДЕЛЕН СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА
07.10.2024
Цените на нафтата од почетокот на октомври пораснале за осум отсто, поради стравот на трговците од ескалацијата на судирот на Блискиот Исток, објави „Сеебит“.
На лондонската берза цената на барел нафта минатата недела се зголеми за 8,5 отсто и изнесува 78,05 долари. На американскиот пазар барелот нафта поскапе за 9,1 отсто и се продаваше за 74,38 долари.
Поради зголемените тензии на Блискиот Исток имаше најголем неделен скок на нафтата во последната година.
Иран членува во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и произведува околу 3,2 милиони барели дневно, или учествува со три отсто од глобалното производство на овој енергент.
фото freepic