• Зоран Мишевски
Иако преостанува уште едно коло, француската Лига 1 ги прогласи најдобрите за сезоната која изминува.
Осман Дембеле е избран за најдобар фудбалер сезонава во францускиот шампионат и првпат во кариерата го добува ова признание од своите колеги во шампионатот на Франција. Дембеле постигна 21 погодок и запиша шест асистенции во натпреварите за бодови.
Луис Енрике е најдобар тренер во Лига 1, а за најдобар голман е избран Лорен Шевалие од Лил. Најдобар млад играч е Дезире Дуе од ПСЖ, а најубавиот гол го постигна Амин Гури од Олимпик Марсеј.
Идеалниот тим на шампионатот го солинуваат Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендеш, Витиња, Рубен Невеш, Дуе, Баркола и Дембеле од ПСЖ, Шевалие од Лил и Рајан Черки од Олимпик Лион.