Бајден ја откажа посетата на Италија поради катастрофалните пожари во Калифорнија

9. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајден ја откажа посетата на Италија поради катастрофалните пожари во Калифорнија

- По враќањето од Лос Анџелес, каде што се сретна со полицијата, пожарникарите и тимовите за итни случаи кои се борат со историските пожари во тој регион, претседателот Бајден одлучи да ја откаже својата претстојна посета на Италија, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Пожарите, поттикнати од силни ветришта и сува вегетација, се проширија на делови од северен и северозападен Лос Анџелес. Најмалку пет лица загинаа, а уништени се повеќе од 1.000 објекти.

Според проценките, штетата предизвикана од пожарите изнесува меѓу 52 и 57 милијарди долари. Главниот метеоролог на AccuWeather, Џонатан Портер, ги опиша пожарите како „катастрофа од огромни размери“.

Околу 1,5 милиони луѓе во јужна Калифорнија останаа без електрична енергија, а десетици илјади беа евакуирани од своите домови. Пожарите се проширија и на познатата населба Холивуд Хилс. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата